Познато е дека на натпреварите на Милан, скаутите на Тотенхем се редовни гости.
Во неделниот натпревар помеѓу Аталанта и Милан исто така беа присутни, а причината се двајца фудбалери.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Прв е Сусо кој има откупна клаузула од „само“ 35 милиони фунти, а покрај Тотенхем за него е заинтересиран и Арсенал. Милан се обидува да му понуди нов договор, но тешко дека ќе може да се справи со гигантот од Премиер лигата.
Кој е другиот?
Медиумите во Англија пренесуваат дека станува збор за Френк Кеси, и тој игра одлично оваа сезона и би можел да биде решение за Тотенхем во некој следен период.