Маурисио Покетино седна на клупата на Пари Сент Жермен, каде го наследи Томас Тухел.
Аргентинскиот стратег на располагање доби силен тим, кој додатно ќе бидет засилен во следните два трансфер периоди.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Првите засилувања треба да бидат двајца фудбалери кои му се добро познати на Покетино, а станува збор за Деле Али и Кристиан Ериксен, кои се на излезна врата од своите клубови.
На лето приоритет ќе биде голманската позиција, а една од метите е Хуго Лорис. Најголемата трансфер „бомба“ треба да биде Лео Меси, кој ќе формира атомско трио со Нејмар и Мбапе.
