Дома Топ вести Покер на Реал: Роналдо два пати од пенал, Марсело и Крос со ефектен погодок ја „уништија“ Валенсија

Покер на Реал: Роналдо два пати од пенал, Марсело и Крос со ефектен погодок ја „уништија“ Валенсија

Реал во денешниот натпревар против Валенсија успеа да стигне до тешка побед во натпреварот против најголемото изненадување во сезоната, екипата на Валенсија.

„Кралевите“ одиграа натпревар во кој имаа поголем посед на топката, но не успеаа да создадат повеќе 100% шанси за погодок. Едноставно Реал во денешниот натпревар искористи скоро се што му се пружи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кристиано Роналдо во првиот дел постигна два погодоци со удар од белата точка за предност од 0:2

Прво, Роналдо мрежата на домаќинот ја погоди во 16 минута, а потоа на идентичен начин тоа го направи не седум минути пред крајот на првиот дел.

Валенсија во второто полувреме со голот на Мина успеа да намали на 1:2. Но Марсело со својот погодок во 84 минута стави крај на надежите на домаќинот, а конечните 1:4 ги постави Тони Крос со голот во финишот после една одлична акција.

„Кралевите“ по оваа победа ќе останат на четвртата позиција со два бода помалку од денешниот противник, но и натпревар помалку.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…