Првиот голман на Милан, Мајк Мањак денес беше опериран поради фрактура на зглобот, а познато е колку време ќе отсуствува од терените.




Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Мањан после два месеци ќе се врати на тренинзите, а на терените се очекува да се врати кон крајот на декември.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова е голем хендикеп за Милан, бидејќи Мањан одлично ја започна сезоната и достојно го замени Донарума.




„Росонерите“ го имаат Татарушану како втор голман, но денес експресно реагираа и го донесоа ветеранот Антонио Миранте.