Дома Фудбал Италија Одлични вести за Милан, се враќа Мањан

Одлични вести за Милан, се враќа Мањан

Добри вести пристигнаа за Милан и за тренерот Стефано Пиоли пред клучните натпревари сезонава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, првиот голман Мајк Мањан се опорави од повредата и почна да тренира со остатокот од тимот.

Францускиот голман имаше операција на зглобот на почетокот на октомври и се очекуваше да се врати на терените дури во јануари.

Меѓутоа, Мањан се опорави побрзо од очекуваното и веќе почна со целосни тренинзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека за десетина дена голманот ќе биде спремен за настап, што е одлична вест за Стефано Пиоли, бидејќи вториот голман Татарушано не се покажа како достојна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…