Дома Фудбал Останато Познато кога ќе бидат објавени номинациите за „Златна топка“, ќе има и награда за голман!

Познато кога ќе бидат објавени номинациите за „Златна топка“, ќе има и награда за голман!

Списокот од 30 номинирани фудбалери кои ќе се борат за престижната награда „Златна топка“ ќе биде објавен за нешто повеќе од еден месец – на 21. октомври, објавија од „Франс Фудбал“.

После објавувањето на номинациите, жири составено од 180 новинари, ќе гласа за победникот на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Церемонијата на доделувањето ќе се одржи на 2-ри декември во Париз.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На денешната пресконференција организирана од „Франс Фудбал“ беа објавени уште две новости. За прв пат ќе биде врачена наградата „Лав Јашин“, кој е единствен голман кој ја освоил „Златната топка“.

Наградата ќе се доделува на најдобриот голман во светот, а прогнозите за оваа година се дека ќе ја добие Алисок Бекер.

Притоа, легендарниот Дидие Дригба ќе биде промовиран во нов амбасадор на „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо има голема желба, но Јувентус бара 20 милиони

Напаѓачот на Јувентус и српскиот репрезентативец – Душан Влаховиќ, е во центарот на …