Tренерот на ПСЖ, Томас Тухел има проблеми со повредени фудбалери во својот тим, а дополнителна главоболка беше повредата на Нејмар во натпреварот од Лигата на шампионите против Башакшехир.
Сега Тухел објави дека Нејмар ќе биде надвор од терените околу три недели. Тој очекува да го има Нејмар на располагање после интернационалната пауза.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Навистина сме разочарани. Нејмар го повреди бутниот мускул. Очекувам да се врати по репрезентативната пауза, мислам дека нема да може да игра и за Барселона“, изјави Тухел.
Покрај Нејмар за натпреварот за викендот ПСЖ не ќе може да смета и на Икарди, Дракслер, Паредес и Верати.