Дома Трансфер зона Познато кога Мбапе може да дебитира за Реал

Познато кога Мбапе може да дебитира за Реал

Реал Мадрид вчера го потврди трансферот на Мбапе, а навивачите сега со нетрпение го чекаат неговото деби во белиот дрес.

Трансферот на францускиот голгетер веројатно ќе биде најголемиот ова лето, тешко е да се очекува дека некој ќе го надмине. Промоцијата ќе се случи по настапот на Франција на Европското првенство, а Мбапе потпиша договор на пет години.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Така останува отворено прашањето уште кога ќе дебитира Мбапе. Работите многу ќе зависат и од настапот на Франција на Европското првенство.

Фудбалерите кои ќе играат полуфинале или финале на Европското првенство нема да се дел од тимот на Реал Мадрид на турнејата во САД каде што овој тим ќе игра со Милан, Барселона и Челси.

Ако Французите стигнат таа фаза дебито на Мбапе веројатно ќе се случи во Суперкупот против Аталанта. Тој натпревар се игра на 14-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…