Роналд Куман седна на кормилото на Барселона и е спремен да направи големи промени во тимот на Каталонците.
Откако стана јасно дека Меси сигурно останува и оваа сезона во Барселона, Куман ја избра формацијата, а Аргентинецот го стави во центарот на случувањата, што е и негова природна позиција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот ќе игра со формација 4-2-3-1, каде Гризман ќе биде најистурен во нападот.
Меси ќе игра веднаш позади него, а на крилните позиции ќе играат Дембеле и Ансу Фати, кој оваа сезона ќе добива многу поголема минутажа. Кутињо останува сигурно и тој ќе биде прва аилтернатива за сите три позиции позади напаѓачот.
Средниот ред ќе го сочинува тандемот Пјаниќ – Де Јонг, а во одбраната стандардно ќе играат Алаба, Пике, Ленгле и Семедо.