На вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано кој помина во знакот на Столе Димитриевски повреда заработи фудбалерот со најдобра форма во редовите на „кралевите“, Џуд Белингам.
Цели пет минути лекарскиот тим му укажуваше помош на младиот фудбалер, а тоа придонесе за страв кај навивачите. Сепак, Белингам го одигра цел натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на Белингам му беа направени дополнителни лекарски прегледи и беше објавено дека се здобил само до дислокација на рамото. Повреда по која фудбалерите брзо се враќаат на терените, меѓутоа во првите моменти е исклучително болна.
Според најавите тој ќе паузира една недела и ќе го пропушти само гостувањето во Лигата на шампионите против Брага, натпревар кој се игра в среда.