Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз (2-5) на гостувањето кај Италија.
Иако амбициите беа да се извлече поволен резултат, макар нерешено, сепак црвено-жолтите беа далеку од тоа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Селекторот појасни дека Елиф Елмас сам побарал да биде заменет.
„Се гледа дека му недостасува минутажа во клубот, се надевам дека ситуацијата таму ќе му се промени, бидејќи тој заслужува тоа“, заклучи Милевски.
За Милевски и неговите избраници останува уште еден натпревар. Во понеделник Македонија ќе ја пречека најдобрата селекција во нашата група Англија.