Долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ова лето речиси сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Руни е блиску до враќање во Евертон, од каде што пристигна во Манчестер Јунајтед пред полни 13 години, а англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо веќе го одбрал фудбалерот кој ќе ја добие капитенската лента.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најблиску до превземањето на капитенската лента на Јунајтед по заминувањето на Руни е Мајкл Керик, кој исто така беше пред заминување од клубот пред крајот на мај кога потпиша и нов едногодишен договор.
Мајкл Керик е член на „црвените ѓаволи“ веќе 11 години и до сега како капитен многу пати ја предводеше екипата на англискиот гигант, па капитенската лента не би претставувало нешто ново за него, ниту оптоварување, па така, тој изгледа како идеална и логична опција за лидер на тимот кога ќе си замине Вејн Руни.
Поранешниот англиски репрезентативец во Јунајтед приситигна во 2006. година од Тотенхем, а пред тоа играше уште за Вест Хем.
За Манчестер Јунајтед одигра вкупно 459 натпревари и освои пет титули шампион на Англија, една ЛШ, ЛЕ и Светско клупско првенство.