Дома Топ вести Познати детали: Јувентус наредната сезона ќе има нов голман

Познати детали: Јувентус наредната сезона ќе има нов голман

Како што стојат работите најдобриот голман во Серија А, Ди Грегорио следната сезона ќе го чува голот на Јувентус.

Ди Грегорио беше одличен на голот на Монца и најавите се дека Јувентус за него ќе плати сума од 20 милиони евра, 18 веднаш и два преку бонуси.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ди Грегорио имаше одлична сезона во Серија А и доказ за тоа изборот за најдобар на својата позиција. Јувентус во изминатите два дена бил во контакт со претставниците на Григорио и Монца и се очекува наскоро се да биде договорено.

Со пристигнувањето на Ди Грегорио може да се очекува заминување на Војчех Шчесни во текот на летото, додека како втор голман би останал Матија Перин.

Во кариерата Ди Грегорио го бранеше голот уште на Ренете, Новара и Проденоне. Во младинските категории беше дел и од Интер, но во Милано никогаш не доби вистинска шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…