Дома Фудбал Останато Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати голем дел од учесниците на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенство, а првото издание ќе помине без гиганти како Барселона, Милан, Арсенал…шанса за настап ќе добие и шампионот на Австрија.

Екипата на Салзбург е последниот претставник кој се пласираше на турнирот кој во 2025 година ќе се одржи во САД, објави ФИФА.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Место на Светското клупско првенство Салзбург обезбеди поради елиминацијата на Арсенал од страна на Баерн. Мундијалот за клубови за првпат ќе се одржи со 32 клуба, а ќе се игра еден месец од 15-ти јуни до 13-ти јули.

Европа ќе има 12 претставници, засега се познати 24 учесници и останати уште осум места. Засега пласман обезбедија: Реал, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Баерн, Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен, Интер, Јувентус, Порто и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн во летото 2022 година потроши 150 милиони евра на осум засилувања, а денес ниту еден од нив не е во Минхен

Во летото 2022, во Минхен беа уверени дека направиле извонреден трансфер период, но сега е…