Дома Фудбал Останато Позната цената на Покетино: Ако Перез сака да го види во Мадрид – мора да ја плати!

Позната цената на Покетино: Ако Перез сака да го види во Мадрид – мора да ја плати!

За Даниел Леви може да се каже дека влезе во легендата како најдобар преговарач во историјата на Премиер лигата.

Маурисио Покетино дипломатски одговори на прашањето поврзано за Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во животот научив да не форсирам некои работи, фудбалот сам те носи онаму каде што треба да бидеш“, изјави Аргентинецот.

Покетино ги демантираше и информациите дека во својот договор има клазула според која Тотенхем мора да го пушти во Реал Мадрид.

Имено, иако Покетино пред само една недела потпиша нов договор со Реал Мадрид, Леви сепак би можел да го пушти во Мадрид, но цената нема да биде мала – 50 милиони евра!

Толку во Тотенхем бараат за својот стратег. Покетино има договор на пет години, плата од 10 милиони евра колку и што бараше, ветени му се засилувања, но едноставно Реал е Реал.

Сега, се чека одговорот од Мадрид не е познато дали Перез е спремен да ја плати оваа сума, Леви нема да попушти тоа е сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…