Приоритет на Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, особено после повредата на Жоел Матип.
Англиските медиуми тврдат дека Германецот веќе го избрал фудбалерот по кој ќе биде примарна трансфер цел во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за дефанзивецот на Волфсбург, Максенс Лакроа, кој игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
23-годишниот Французин, кој е поранешен младински репрезентативец на Франција, би можел да се пресели на „Енфилд“ за 30 милиони евра.
Неговиот договор истекува на крајот на идната сезона, па германскиот клуб сака да го продаде во јануари за да заработи од неговото заминување. Лакроа покрај како стопер, може да игра и како десен бек.