Примарна цел на Милан за следната сезона ќе биде доведување на квалитетен играч за врска, пренесуваат италијанските медиуми.
Милан во јануари го донесе Меите на позајмица од Торино, кој најверојатно нема да биде откупен, а на излезна врата е и Раде Круниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека најголема желба на раководството е Ренато Санчез, кој игра одлично во дресот на Лил.
Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш, а Лил за неговата слобода бара 40 милиони евра.