Арсенал после лошиот старт влезе во фантастична серија, тимот игра одлично, но Емери сака дополнително да го засили во зимскиот преоден рок.
Приоритет е доведување на лев бек, а англиските медиуми ја открија најголемата желба на „топџиите“. Станува збор за играчот на Ајакс, Николас Таљафико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таљафико во јануари пристигна во Ајакс од Индепендиенте за сума од 4 милиони фунти и веднаш го воодушеви скаутите на европските гиганти.
Овој 26-годишен лев бек има десет настапи за аргентинската репрезентација, а оваа сезона игра фантастично и во Лигата на шампиони.
Колошинац е повреде, Монреал веќе е во поодминати години, па Арсенал во Таљафико гледа идеално решени и ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок.
Неколку играчи на Ајакс се на цена во моментов, па холандскиот клуб сигурно нема да го пушти Аргентинецот за помалку од 20 милиони фунти.