Барселона е силно заинтересирана за Жоао Кансело, и Чави го посочил како приоритет до крајот на преодниот рок.
После заминувањето на Осман Дембеле, Барселона се насочува кон трансфер на Португалецот и веќе преговорите се во напредна фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот Кансело е во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој во јануари го прати на позајмица во Баерн Минхен, и по одлуката Кајл Вокер да остане на „Етихад“ јасно е дека за него нема повеќе место во тимот.
Двете страни се блиску до договор и се очекува Кансело да биде играч на Барселона, но каталонскиот клуб има проблем со регистрацијата на нови играчи.
Лимитот за плати е веќе поминат, па Барса прво мора да се ослободи од негов фудбалер за да го доведе Кансело.