Дома Топ вести Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Чави Ернандез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона, па веднаш започнаа шпекулациите за негов наследник.

Каталонците веќе ја започнаа потрагата за нов тренер, а најголема желба на претседателот Жоан Лапорта е италиајнскиот стратег Роберто де Зерби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Де Зерби со неговиот Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата, игра одличен фудбал и остварува феноменални резултати.

Италијанецот добива комплименти и од неговите колеги, Гвардиола му се восхитува, а Лапорта верува дека би бил идеален за филозофијата и начинот на игра на Барселона.

Де Зерби е спремен да направи чекор напред во кариерата и е заинтересиран да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бившиот фудбалер се збогатил како дилер на дрога: “За две недели заработувам…”

Серхио Контрерас Пардо, попознат како Коке, некогашен професионален фудбалер кој играл за …