Нголо Канте преговара со Челзи за нов договор, а доколку не потпише следното лето би можел да си замине како слободен играч.
Новинарот Дејвид Орстејн на Челзи му нуди нов договор во трајност од две години, плус една. Канте не сака да прифати ваква понуда и тој сака да добие договор три, плус една.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите парите не се проблем и тука двете страни имаат договор. Меѓутоа Канте сака подолг договор од она што му се нуди.
Секако дека ако Канте одлучи да си замине од Челзи нема да има проблем да пронајде нов клуб, голем број клубови во своите редови би сакале да имаат играч како што е Французинот.