Реал Мадрид во последните три години не потроши ниту блиску пари колку што потрошија Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и некои други екипи.
Но, на лето на „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува голем ремонт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никој не знае дали ќе остане Кристијано Роналдо, на тимот итно му е потребен уште еден врвен напаѓач, но ќе се реконструира и одбраната, која оваа сезона на повеќепати го издаде Реал.
Според пишувањата на англиските и шпански медиуми, Реал на лето тргнува во нова офанзива за доведување на Давид Де Геа, кој веќе неколкупати не успеа да пристигне во Мадрид. Весникот Спорт објави приказна според која Реал го контактирал Манчестер Јунајтед и добил одговор дека Де Геа не може да замине за помалку од 115 милиони евра, со оглед на тоа дека на Шпанецот следната година му истекува договорот.
Реал како што се наведува нема да ја прифати таа сума, но во Мадрид се надеваат дека ќе успеат да го привлечат Јунајтед бидејќи шест месеци подоцна за Де Геа нема да добијат ниту цент. Освен него, на радарарот е и Тибо Куртоа, иако Де Геа е главна мета.