Дома Фудбал Погледнете што има тренерот на Звезда на своето сако. Испрати силна порака до целиот свет

Погледнете што има тренерот на Звезда на своето сако. Испрати силна порака до целиот свет

Фудбалерите на Црвена звезда се поразени во натпреварот од 3.коло од групата Г од Лигата на шампионите на гостувањето кај РБ Лајпциг.

Домашниот тим победи со 3:1 со головите на Давид Раум, Чави Симонс и Дани Олмо, додека Марко Стамениќ во 70. минута намали на 1:2 за белградскиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На овој натпревар германскиот тим имаше 65 отсто посед на топка, дури 27 удари кон голот, од кои 10 во рамките на гол, па не чуди што можеби најдобар играч на поразената екипа беше израелскиот голман Омри Глејзер со седум одбрани.

Од сосема друга причина се истакна и неговиот сонародник, тренерот на Звезда Барак Бахар.

Израелскиот стручњак на стадионот во Германија дојде облечен во црно од глава до пети. Носеше црн костум, а под црното сако имаше кошула и вратоврска во иста боја. Единственото нешто што се истакнуваше беше закачено на левата страна од јакната.

Таму Бахар прикачи мало израелско знаме и на тој начин испрати порака за поддршка на сонародниците кои се во војна и во тешка ситуација.

Неговата силна порака до светот, испратена без зборови, ја снимија камерите на натпреварот и фотографите кои го следеа тој натпревар во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…