Дома Фудбал Погба призна: Сонувам да играм во Реал Мадрид

Погба призна: Сонувам да играм во Реал Мадрид

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба призна дека негова најголема желба е да го облече дресот на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан е голем симпатизер на неговите квалитети и сакаше да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“, но не можеше да најде заеднички јазик со Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува после една година, а тој признава дека сонува да се пресели во Реал Мадрид.

„Зидан? Сите ги слушнавме и прочитавме работите кои беа кажани. Реал Мадрид? Секој фудбалер би сакал да игра во Реал Мадрид. Да, сон ми е да играм во Реал Мадрид, зошто да не бидам таму еден ден?“, истакна Погба. 

„Читам многу работи за мојата иднина, се пишува дека ми е понуден нов договор, но вистината е дека се немам видено со Ед Вудворд. Нема никакви новости на таа тема“, откри Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …