Дома Фудбал Англија Погба пред вечерашното дерби завршил во – полиција!

Погба пред вечерашното дерби завршил во – полиција!

Французинот, Пол Погба пред вечерашното дерби имал непријатно искуство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа сезона Џек Грилиш и Рос Баркли имаа напријатно искуство со полицијата во Британија, а сега на нив им се приклучи и Пол Погба.

Имено, по пишувањето на англиските медиуми Погба бил запрен од полицијата околу еден часот со својот „Ролс Ројс“. Проблем било што возилото имало француски регистарски таблици, додека законот во Британија е ако возилото е на Островот повеќе од шест месеци да мора да има „домашна регистрација“.

Сопствениците кои веќе живеат во Англија имаат обврска да го пререгистрираат возилото после две недели од датумот на увозот.

Погба така завршил во патролна кола и сега го чека казна од 150 фунти, плус 20 фунти за секој ден кој автомобилот ќе го помине во полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Омерагиќ и ФФМ со поддршка за иницијативата јужната трибина да се вика Васил Рингов

Навивачите на ФК Вардар за време на денешниот натпревар против ФК Силекс (2-1) уште еднаш …