Големото дерби од 15. коло на англиската Премиер лига денеска ќе се одигра на „Емирати“ помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.
По тој побод, за „BBC“ говореше најскапиот фудбалер во историјата на „Црвените ѓаволи“, Пол Погба. Тој откри некои интересни детали од детството, како на пример дека навивал за Арсенал!
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Во Франција Арсенал е голем тим. Имаше многу француски играчи. Јас бев навивач на Арсенал и сакав да го гледам Тиери Анри. Бев мал, не страсен навивач на Арсенал, но ги гледав нивните натпревари. Секогаш беа голем клуб“, изјави Погба.
Потсетуваме, францускиот репрезентативец пред 10. дена се врати во составот на Манчестер Јунајтед откако што пропушти 12 натпревари поради повреда која ја заработи во септември.