Пол Погба ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, откако за 115 милиони евра од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед.
Сепак, 23-годишниот Французин е мета на критики на почетокот на сезоната бидејќи со своите перформанси не ги оправдува големите пари кои за него ги вложија „црвените ѓаволи“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Погба вели дека тоа се должи на позицијата која ја игра во Јунајтед, тој сака да биде поофанзивен, но Жозе Мурињо од него бара да игра повеќе во дефанзива.
„Мојата моментална работа во Манчестер Јунајтед е постојано да бидам околу топката и да играм за целата екипа, како Андреа Пирло. Тоа не е мој тип на игра и е новина за мене на фудбалскиот терен“, истакна Погба.
„Јас сум играч кој преферира да игра во офанзивата. Тренерот ми дава инструкции, се обидувам да ги следам. Треба да помагам во одбраната, да освојувам топки. Треба да играм поразлично и малку се мачам па ќе ми треба време да се адаптирам“, додаде Французинот.