Фудбалерите на Рома во последното коло од Серија А се изборија за директен пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
Римскиот клуб успеа да ја оствари основата цел и да избори директен пласман во ЛШ за наредната сезона. „Волчицата“ до последното секунда беше во борба со Наполи за второто место, но голот на Диего Пероти во судиското продолжение ги донесе трите бода кои значеа пласман во најелитното европско натпеварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од подобрите фудбалери на Рома оваа сезона беше Кевин Стротман кој после големите проблеми со повредите конечно се врати во вистинска форма. Холанѓанецот со своите настапи го привлече интересот на многу екипи, но на крајот се одлучи да не го напушти „Олимпико“.
„Клубот со задоволство сака да објави дека Кевин Стротман, денес потпиша нов договор со Рома до летото 2012 година. Од доаѓањето во ПСВ во 2013 година одигра 86 натпревари за нашиот тим и постигна 12 погодоци. Му посакуваме многу среќа во наредните сезони“, соопштија од Рома.