
Инсистирањето на фудбалероти изгледа дека се исплатеше, Фиорентина попушти…
Одличниот 23 годишен фудбалер, Федерико Бернардески од поодамна ги договори личните услови со екипата на Јувентус, а денес договор беше постигнат и помеѓу двата клуба, па Барнардески од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Јувентус.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Јувентус за услугите на овој фудбалер ќе плати 40 милиони евра, а тимот од Фиренца би добил и 10% од наредниот трансфер на Италијанецот.
Бернардески со Јувентус ќе потпише договор на пет години според кој ќе заработува четири милиони евра по сезона.
Новото засилување на клубот од Торино би требало да биде и новата „десетка“.