Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Повеќе нема дилема: Бензема е во списокот за Европско првенство

Повеќе нема дилема: Бензема е во списокот за Европско првенство

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема со сигурност ќе биде во списокот од 26 фудбалери кои селекторот Дидие Дешамп ќе го објави вечерва.

Уште синоќа се појавија инфорнации дека Бензема може да биде повикан во француската репрезентација, но сега и „Екип“ потврди дека напаѓачот се враќа после 5-годишно отсуство.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бензема ќе игра на ЕП со дрес број 19, а тој не е дел од француската репрезентација од 2015 година. Причина за тоа е што беше казнет поради сканалот со изнудување пари од соиграчот Валбуена поради едно интимно видео.

Дешамп не случајно го повикува Бензема, туку него го гледа во стартниот тим заедно со Мбапе и Гризман во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Манчестер Јунајтед работи на трансферот на Ѓекереш

Една од главните задачи на Манчестер Јунајтед во летниот трансфер период е да доведат одли…