Дома Македонски спорт Мак фудбал Победа останува во првата лига!

Победа останува во првата лига!

Денес беше одигран финалниот плеј-оф натпревар помеѓу екипите на Победа и Борец.

Победа по завршувањето на сезоната се најде на позиција која ја однесе во плеј-офот каде што на крајот сепак успеа да го сочува прволигашкиот статус. На денешната средба славеа против Борец со 2:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иван Ивановиќ ја доведе Победа до водство од 1:0 во осмата минута од натпреварот, а веќе после половина час игра Победа стигна до солиден резултат од 2:0, стрелец на голот беше 22 годишниот Велковски Виктор.

Веќе тука беше јасно дека Победа е на чекор од задржување на прволигашкиот статус.

Втроиот дел не донесе преголеми возбудвања, Борец успеа само да го ублажи поразот со голот Андреј Кудијан. Во финишот од натпреварот видовме и две исклучувања по едно и на двете страни, во редовите на клубот од Велес беше исклучен стрелецот на голот Кудијан.

Да потсетиме, Борец место во финалето од плеј-офот обезбеди победувајќи го Гостивар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…