По чекање од цели 21 година екипата на Комо успеа да се врати во Серија А, пласманот беше потврден во вчерашниот натпревар против Козенца (1:1).
Поради поразот на директниот конкурент Венеција против Специја (1:2) ремито на Комо се покажа како доволно, па така по натпреварот градот и сите во клубот беа во голема еуфорија.
L'attes🅰️ di Cesc Fabregas e l'esplosione di gioia: il Como è tornato in @SerieA ⚪️🔵#SerieBKT 🔜 #SerieA pic.twitter.com/hoSCIKUmbg
— Lega B (@Lega_B) May 10, 2024
🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾 pic.twitter.com/OtyPq57vtH
— Como1907 (@Como_1907) May 10, 2024
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што на трибините во вчерашниот натпревар на Комо беше напаѓачот на Лестер Џејми Варди кој не крие дека би можел да го засили овој тим.
„Малку сум стар, но ништо не се знае. Ќе видиме“, одговори Варди на прашањето.
Договорот на Варди со Лестер завршува токму ова лето. Ќе потсетиме, Комо од клупата го предводи шпанскиот ветеран Сеск Фабрегас.