Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар одличен во последната „проверка“ пред Зенит, стрелаа Грнчаров, Барсегјан и Глигоров

ПМФЛ: Вардар одличен во последната „проверка“ пред Зенит, стрелаа Грнчаров, Барсегјан и Глигоров

Македонскиот шампион Вардар во последниот натпревар пред дебитантскиот настап во Лигата на Европа запиша победа од 3:1 на домашен терен против тимот на Силекс.

Македонската фудбалска јавност, веројатно и вардарци очекуваа голема поддршка после фантастичните настапи во квалификациите, но македонскиот шампион играше само пред околу стотина гледачи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, тоа не им пречеше на избраниците на Чедомир Јаневски да одиграат добар натпревар и да ја запишат втората победа во првенството.

Натпреварот го отвори капитенот Бобан Грнчаров во 19 минута од средбата. До крајот стрелаа уште Тигран Барсегјан во 57 и Глигоров три минути подоцна. Единствениот гол за гостите од Кратово го постигна Милош Џорџевиќ.

Вреди да се истакне и дека голманот на црвено-црните, Гачевски одбрани пенал во 76 минута од средбата.

Да потсетиме, Вардар во четврток го очекува првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа и тоа против руски Зенит, натпревар кој ќе се игра на Арената „Филип Втори“ со почеток во 21:05 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…