Дома Фудбал Лига на шампиони Плеј-офот за ЛШ далеку за Шкендија, Салцбург со помош на пеналите обезбеди сигурна предност (видео)

Плеј-офот за ЛШ далеку за Шкендија, Салцбург со помош на пеналите обезбеди сигурна предност (видео)

Тимот на Шкендија денес го одигра првиот натпревар од двомечот со Салцбург на гостински терен и беше поразена со 3:0.

Салцбург е полуфиналист од минатогодишното издание на Лигата на Европа и дека не сакаат да си создаваат проблеми покажаа уште во првите минути кога создадоа две конкретни шанси, но сепак голманот на Шкендија, Захов беше на висина на задачата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, после 15 минути игра главниот судија на натпреварот покажа на белата точка, а сигурен реализатор голот најстрогата казна беше Дабур. Во финишот од првото Салцбург стигна и до втор погодок и тоа повторно Дабур и повторно од прекин, но овој пат не од пенал.

Во вториот дел ситуацијата не се промени многу, а конечните 3:0 ги постави Сасмсеску од вториот досуден пенал на натпреварот.

Реваншот во Скопје се игра за 7 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Онана веќе позира со дресот на Трабзонспор

Очекуваниот трансфер на Андре Онана во Трабзонспор е прашање на часови. Денеска голманот н…