Реал Мадрид ќе ја промени политиката ова лето кога се во прашање излезните трансфери, открива „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал ќе стави на продажба неколку фудбалери и ќе ја прекине традицијата за давање на позајмица. „Марка“ пренесува дека „кралевите“ се одлучиле на ваков чекор за да добијат што е можно повеќе пари за нови трансфери.
Реал сака да ги продаде сите фудбалери кои моментално се на позајмица како Одегард и Себањос (Арсенал), Лука Јовиќ (Ајнтрахт), Брахим Дијаз (Милан), Хесус Ваљехо (Гранада) и Таке Кубо (Гетафе).
Притоа на продажба ќе бидат ставени Иско и Герет Бејл, од чии високи плати клубот очекува да заработи значителна сума.
„Марка“ пренесува дека Реал собира пари бидејќи ова лето сака да направи големи трансфери, а примарна цел е Килијан Мбапе.