Дома Фудбал Италија Пирло без посебни услови во Јувентус: Само двајца играчи заработуваат помалку од него

Пирло без посебни услови во Јувентус: Само двајца играчи заработуваат помалку од него

Андреа Пирло на изненадување на многумина е избран за нов тренер на Јувентус откако Маурицио Сари доби отказ.

ЗА Пирло ова е прв тренерски ангажман и Јувентус одлучи да му даде шанса веднаш во првиот тим што за многумина е неочекувано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Пирло нема никакви посебни услови, па кога слушнал дека е во конкуренција за тренерското место веднаш се согласил без посебни услови во договорот.

Тој потпиша договор на две сезони според кој годишно ќе заработува 1.8 милиони евра што е значително помалку во однос на неговите претходници Сари и Алегри.

Неверојатно е што дури 20 играчи на Јувентус се помалку платени од Пирло, односно тој има поголема плата само од двајца. Тоа се Џиџи Буфон кој заработува 1.5 милиони годишно и третиот голман на тимот кој има 300.000 евра годишно.

Далеку најплатен е Кристијано Роналдо со 31 милион евра и заработува 17 пати повеќе од својот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…