Дома Фудбал Италија Пиоли става потпис на нов договор

Пиоли става потпис на нов договор

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се блиску до постигнување договор за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично и се бори за Скудетото, па раководството сака да го задржи тренерот.

Двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Стефано Пиоли седна на жешкото столче на Сан Сиро пред точно две години, кога „росонерите“ беа на најниски гранки, а моментално се лидери во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…