Извесно е дека Џанлуиџи Донарума нема да го продолжи договорот со Милан.
Барањата на голманот во преговорите со Милан едноставно беа превисоки за клубот, па затоа „росонерите“ го доведоа Мајк Мањан од Лил кој се очекува да биде првиот голман во новата сезона.
За ситуацијата на Донарума сега зборуваше тренерот на Милан Стефано Пиоли.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Донарума е голем професионалец, секогаш е фокусиран на теренот. Преговорите може ќе вродат плод, можеби и нема…Ние си посакавме среќа и се заблагодаривме еден на друг, односот помеѓу нас е коректен“, изјави Пиоли.
Клубот со кој најмногу се поврзува Донарума во овој преоден рок е Јувентус.