Дома Фудбал Италија Пиоли: Поразот од Ливерпул ќе ни помогне против Атлетико

Пиоли: Поразот од Ливерпул ќе ни помогне против Атлетико

Утре Милан го дочекува Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“ во второто коло од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли тврди дека поразот од Ливерпул во првото коло ќе го направи Милан подобар во следните дуели во ЛШ.

„Видовме дека малите детали ја прават разликата на вакви натпревари. На Енфилд примивме голови поради невнимание и мали технички грешки. Треба да играме на повисоко ниво, брзо, без погрешни пасови бидејќи Атлетико може да биде опасен во секој момент“, истакна Пиоли.

„Имаме исклучително тешка група. Атлетико е силен тим кој долги години игра во Лигата на шампиони. Верувам дека искуството од мечот со Ливерпул ќе ни помогне да бидеме подобри во утрешниот дуел“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…