Дома Актуелно Пикфорд: Гери Невил едвај чека да нападне некој англиски играч

Пикфорд: Гери Невил едвај чека да нападне некој англиски играч

Голманот на Евертон и репрезентацијата на Англија, Џордан Пикфорд одговори на критиките кои ги доби од англиската јавноста, Пикфорд после натпреварот со Кристал Палас беше критикуван и од Гери Невил.

Евертон го победи Кристал Палас со 3:1, но пикфорд сепак беше критикуван. Сега англискиот голман им одговори на критичарите:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сите во еден момент се мета на критики. Некои повеќе, некои помалку. Тоа е судбината на англиските фудбалери. Сите имаат причина да те мразат. Едноставно се помирив со тоа бидејќи тоа е нешто со кое мораш да живееш. Многу добро сум свесен што и колку можам“.

Пикфорд знае дека сега повеќе е мета затоа што е прв голман на репрезентацијата.

„Смешно е. Кога играш за репрезентацијата сите те фалат. Кога ќе се вратиш во клубот наоѓаат нешто да те критикуваат. Лично тоа не ме погодува, но не може да не те нервира. Сите знаат нешто и имаат некој коментар. Погледнете го Гери Невил, тој едвај чека да нападне некој англиски играч“, изјави Пикфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…