Дома Фудбал Репрезентации Пикси пред Норвешка: Кој е Халанд?

Пикси пред Норвешка: Кој е Халанд?

Србија ја очекува натпревар со Норвешка, а пред овој дуел на прес-конференцијата зборуваше селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Пикси истакна дека е задоволен поради тоа што важат за фаворит во групата, но додаде и дека тој епитет ќе мора да го оправдаат и на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мене ми е важно што мислиме, ако некој мисли дека сме фаворити, заблагодарете му за тоа, значи дека не цени. Сите мораме да покажеме квалитет во натпреварите и да бидеме подобри. Се надевам дека ќе ја постигнеме целта и ќе бидеме први.

Сите четири екипи имаат еднакви шанси да завршат на првото место. Сепак, не треба да се фалиме, туку да молчиме, да работиме и да бидеме скромни. Скромноста е многу важна и играчите го знаат тоа”, изјави Стојковиќ.

Во пресрет на дуелот кој ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“, стратегот на „орлите“ го пофали најдобриот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд, но прво се пошегува.

„Кој е Халанд“, прво се пошегува Стојковиќ, а потоа продолжи со сериозен тон.

„Норвешка има неколку играчи од светска класа. Ако им дадеме простор ќе знаат да го искористат. Норвешкиот тим созреа, некои играчи станаа лидери во своите тимови. Кога е Србија во прашање, многу напредувавме како тим. за Светското првенство со прекрасен стил на фудбал и ние ќе продолжиме да го негуваме тој стил. Нема место за индивидуална игра во нашиот тим и тој тимски дух ме прави многу среќен. Халанд има е неверојатен потенцијал, фантастичен напаѓач,“ изјави српскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…