Репрезентацијата на Србија денеска убедливо со 5:1 го совлада Бахреин на последниот тест пред Светското првенство во Катар.
Задоволен од настапот на „орлите“ беше селекторот Драган Стојковиќ Пикси, кој не можеше да прецизира колку би можел да биде подобар неговиот тим на мечот против Бразил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварот против Бразил ќе биде сосема поинаков. Од перспектива на конкуренција, мотивација. Сега е тешко да се каже колку подобро можеме да oдиграме. Ќе бидеме многу посериозни Бразил. Денеска резултатот не беше во преден план, против Бразил ќе биде исклучително важен“, изјави Стојковиќ.
Селекторот ја коментираше и играта на Душан Влаховиќ, кој поради повреда долго време не играше за Јувентус, но денеска беше многу добар и постигна гол.
„Успеа да постигне гол, неговите движења и учество во играта беа задоволителни. Во однос на самодовербата, важно е секој напаѓач да постигне гол. Одигра добар натпревар“, изјави Пикси
Во тимот денеска поради повреди ги немаше Александар Митровиќ, Филип Костиќ, Милош Вељковиќ и Саша Лукиќ. Пикси се надева дека ќе бидат подготвени за првиот меч на Мундијалот против Бразил кој е закажан за 24 ноември.