Дома Фудбал Пике за едно од најголемите промашувања на Барса: На првиот тренинг му давав совети и од тогаш не разговаравме

Пике за едно од најголемите промашувања на Барса: На првиот тренинг му давав совети и од тогаш не разговаравме

Пеп Гвардиола како тренер на Барселона имаше неколку поголеми промашувања во доведувањето на фудбалери, а во самиот врв сигурно се наоѓа Димитри Чигрински.

Барселона украинскиот дефанзивец го доведе летото 2009 година од Шахтјор за сума од 25 милиони евра и тој беше желба лично на Гваардиола. Меѓутоа Украинецот не се вклопи во тогашниот тим на Барса и после само една година се врати во Шахтјор за 15 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Чигрински сигурно е едно од најголемите промашувања на Барселона, но и на Пеп Гвардиола. На него се потсети Жерар Пике кој тогаш беше стандарден во првиот тим на Барселона и играше во тандем со Карлес Пујол.

Пике откри како на првиот тренинг се обидувал да му објасни некои работи на Чигрински за полесно да се вклопи во играта. Меѓутоа тоа бил нивниот единствен разговор.

„На првиот тренинг кога дојде се обидов да му дадам неколку совети за одбраната, како да ги чува играчите. Секако, не зборуваше шпански, па тој разговор одеше делумно на англиски, а делумно во облик на некакви сигнали. Му објаснував 15-тина минути, кога завршив само се свртев и си заминав. Го прашав дали нешто разбрал, но веќе никогаш не зборувавме“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …