Дома Фудбал Италија Пероти: Ситуацијата со Алисон веќе ја поминавме со Салах и Наинголан

Пероти: Ситуацијата со Алисон веќе ја поминавме со Салах и Наинголан

Бразилецот, Алисон Бекер одлучи да го напушти тимот на Рома и својата кариера да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Алисон го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во минатата сезона и на изненадување на сите навивачи на Рома одлучи да ја прифати понудата од Ливерпул.
Бразилецот веќе отпатува за Англија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Рома, Диего Пероти, денес за италијанските медиуми изјави дека заминувањето на Алисон е голема загуба за Рома, Но, Аргентинецот порача клубот да продолжи без него како што тоа го направи со Мохамед Салах и Раџа Наинголан.

„Тој беше навистина важен дел од нашиот тим. Минатата сезона ни спаси навистина многу бодови. Но, тоа е фудбалот. Треба да се признае дека заминувањето на Алисон е голема загуба. Сепак, тоа го поминавме со Салах и Наинголан, а сигурен сум дека ќе продолжиме онаму каде што застанавме“, изјави Пероти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Реал Мадрид сè уште се лутат на Франс Фудбал

Од “Франс Фудбал” се обиделе да се помират со Реал Мадрид и дури имаат испратено свои прет…