Дома Трансфер зона Перишиќ се договори и сака кај Мурињо

Перишиќ се договори и сака кај Мурињо

Иван Перишиќ ги договори сите услови со Мурињо, остана уште да се договорат само Манчестер Јунајтед и Интер.

Жозе Мурињо е на чекор од ново засилување. Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ се наоѓа на излезната врата од Интер, а Манчестер Јунајтед веќе одамна се споменува како негова следна дестинација. Фудбалерот на Интер е многу несреќен во клубот, не е во најдобри односи со управата на клубот и побара трансфер.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Изгледа дека конечно ги договорија сите услови, Перишиќ ја прифати понудата на Манчестер, остана да се договорат уште Интер и Манчестер околу надоместот на штетата, што не е мала работа.

„Di Marcio“ денеска ја пренесува целата приказна околу овој трансфер, истакна дека и цената на Интер за Перишиќ е 50 милиони евра и дека Манчестер Јунајтед многу брзо би можел да ја плати оваа сума.

Парите од Перишиќ Интер ќе ги фокусира на Ди Марија, Брант и можеби на Немања Матиќ, но за нив тројца им требаат најмалку од 100-120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја најде замената за Халанд

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето,…