Иван Перишиќ потпиша договор со Хајдук Сплит до летото 2025 година.
На овој начин двете страни ја искористија опцијата во договорот за продолжување на соработката на уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Перишиќ пристигна во Пољуд во јануари по заминувањето од Тотенхем, играше неколку месеци подоцна, кога се опорави од повредата, а неодамна учествуваше со Хрватска на Еврото во Германија.
Се шпекулираше дека би можел да го напушти Хајдук и да се врати во Интер, а сега се појави и информација која дополнително ги загрижува навивачите.
Кога минатата зима пристигна во Пољуд, Перишиќ се договори за клаузула поврзана со неговото заминување, а тоа не е променето ниту во новиот договор. Таа важи од 29 август и изнесува 200.000 евра, пренесува „Далматински портал“.
Така, од 29 август, кога завршуваат европските квалификации, отворени се сите опции…
Хрватските медиуми со денови пишуваат дека Хајдук би можел да се засили со големи имиња како Един Џеко и Иван Ракитиќ.