Хрватскиот ветеран Иван Перишиќ кој пред нешто повеќе од две недели го раскина договорот со Хајдук сепак би можел да остане во првенството на Хрватска.
Перишиќ во овој период тренира во Загреб, а „Спортске Новости“ пренесуваат дека би можел да потпише за Локомотива Загреб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните моменти од преодниот рок на Перишиќ му пропадна трансфер во Комо, преговараше и со Монца, но на крајот ништо не излезе, па само го раскина договорот со Хајдук.
Клубот од Сплит го напушти поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо. Потписот за Локомотива за него би можел да биде добра опција да остане во добра форма бидејќи два месеци нема одиграни натпревар.