Дома Фудбал Перез:Секогаш сакаме повеќе, веќе сонуваме за 15-та Лига на шампиони

Перез:Секогаш сакаме повеќе, веќе сонуваме за 15-та Лига на шампиони

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денес на официјалното претставување на Орелиан Чуамени изјави дека амбициите на клубот се големи и за следната сезона.

„Кралевите“ ја освоија дуплата круна оваа сезона Ла Лига и Лигата на шампионите, но Перез тврди дека никогаш не се задоволуваат и тргнуваат по нови трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Само што заврши сезоната која вечно ќе се памети по 35-та титула во Шпанија и 14-та во Лигата на шампионите. Но Реал никогаш не се чувствува задоволен. Секогаш сакаме повеќе и затоа веќе сонуваме за 15-тиот трофеј од ЛШ. Работиме напорно за да го постигнеме она што многумина го сметаат за невозможно. Имаме одличен тим, во кој има играчи кои пет пати ја освојувале титулата во Лигата на шампионите. Сепак, нашите следни предизвици ќе бидат тешки и треба да се засилиме“, истакна Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како ќе се справи Ливерпул без Исак и Салах?

Aрне Слот оваа сезона се соочува со низа предизвици, започнувајќи од низата порази од деве…