Англискиот напаѓач, Хари Кејн веќе неколку сезони игра одлично во дресот на Тотенхем и многумина веруваат дека ова лето кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.
„Кралскиот“ клуб покажа голем интерес за напаѓачот на „Петлите“ и Флорентино Перез сака уште на лето да го види Кејн во дресот на Реал Мадрид. Јасно е дека Карим Бензема на крајот на сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи оваа сезона целосно потфрли, а сигурно дека на неговото место навивачите на овој клуб би сакале да го видат Кејн.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според пишувањето на медиумите во Шпанија, претседателот на Реал сака да ги исполни сите желби на Кејн. Наводно, Перез му кажал на Перез дека Кејн ќе го добие и дресот со број 10 доколку пристигне во Реал Мадрид, иако во моментов тој број го има Лука Модриќ.
Перез е подготвен на сите начини да се обиде да го убеди голгетерот на Тотенхем да дојде во Реал, но прашањето е што ќе каже Модриќ доколку ја загуби десетката. Сепак, изгледа дека првиот човек на „Кралевите“ за сега најбитно му е да го доведе Кејн во Мадрид.