Дома Фудбал Перез лут на Зидан: Му простил 10 милиони, а овој го нападна

Перез лут на Зидан: Му простил 10 милиони, а овој го нападна

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е лут поради начинот на кој Зинедин Зидан си заминал од клубот, откриваат шпанските медиуми.

Зидан сезонава не успеа да го однесе Реал до трофеј, а потоа го напушти клубот и отворено го нападна раководството.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кралевите“ се бесни поради тоа што Зидан ги нападнал, а притоа во своето писмо не кажал дека Реал му простил казна од 10 милиони евра.

Досега не беше познато дека Зидан има клаузула според која не смее да даде отказ, а доколку го направи тоа, тогаш ќе мора да плати 10 милиони евра како казна.

„Кралевите“ решиле да не му наплатат за заминувањето, но не очекуваа Французинот да излезе во јавност со изјава против раководството и претседателот Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…